Промовирани 23 доктори на науки на УКИМ

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска беше одржана промоција на доктори на науки од областа на медицинските науки и здравството, техничко-технолошките науки и хуманистичките науки. -Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје,  проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 23 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, Факултетот за информатички науки и компјутерско …

Continue Reading

Познати авторите и драмските текстови избрани на конкурсот на Министерството за култура и на МТФ „Војдан Чернодрински“

Драмските текстови „Бреме“ од Мила Јовановиќ – Миленковиќ, „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“ од Мики Душански се избрани на конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст од Министерството за култура, а во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“. Драмските текстови се избрани од 48 пристигнати. Постапката ја спроведе македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а членовите …

Continue Reading

Левица: Широката влада на Заев ја реализира Мицкоски

Вчерашната лидерска средба уште еднаш потврди дека ниту едно национално предавство не може да се оствари без активно учество на ВМРО-ДПМНЕ. Идејата за широка влада, која ја понуди Мицкоски, е идеја на поранешниот премиер Зоран Заев од пред две години – која токму Мицкоски ја одби. ДПМНЕ тогаш одби да учествува во влада со СДС, затоа што тоа би било …

Continue Reading

Извештај на Агенцијата за фундаментални права на ЕУ: Основните права во Европа под притисок на војната, сиромаштијата, говорот на омраза и новите технологии

Бегалската криза поради војната во Украина, зголемувањето на сиромаштијата кај децата, говорот на омраза и заштитата на човековите права во ерата на технолошки промени се главните прашања со кои се соочија европските земји во текот на 2022 година во областа на човековите права, нагласено е во извештај објавен денеска од Агенцијата за фундаментални права на Европската унија (ФРА). Во извештајот …

Continue Reading

Министерот за одбрана на Косово доби признание „почесен граѓанин“ од општина Гостивар

Министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај го доби највисоко признание на општина Гостивар и стана „почесен граѓанин“. Врачувањето на признанието со „клучот на градот“ беше организирано по посетата на делегацијата од Косово и средбата во кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари. Првиот човек на општина Гостивар на пригодниот чин напомена дека доделување на клучот на градот е укажување на …

Continue Reading

Грантови за 14 училишта во рамки на проектот за јакнење на толеранцијата и меѓуетничката интеграција „Градиме нови мостови“

Четиринаесет  училишта во земјава добија грантови за реализација на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и наставни јазици на територијата на државава во рамки на проектот „Градиме нови мостови“. На училиштата кои аплицираа и чии апликации беа одбрани преку повикот за оваа намена, грантовите денеска им ги доделија министерот за образование и наука, Јетон Шаќири …

Continue Reading

Земјотрес од 4,8 степени регистриран во Грција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени беше регистриран кусо по 15.30 часот по локално време, во близина на грчкиот град Аталанти на околу 150 километри од Атина, а беше почувствуван и во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот Институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 13 километри југозападно од Аталанти. Засега нема информации …

Continue Reading

Поддршка за Предлог законот за употребата на македонскиот јазик во собраниската Комисија за култура

Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог законот за употреба на македонски јазик во прво читање и едногласно одлучи дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска го образложи Предлог законот, напоменувајќи дека со новиот закон ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото …

Continue Reading

Мицкоски: Влада без ДУИ, а уставните амандмани да бидат ефективни кога Македонија ќе стане членка на ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Кочани повтори дека нивниот услов за да евентуално да гласаат за уставните амандмани би бил влада без ДУИ до избори и уставните амандмани да станат ефективни тогаш кога земјава ќе стане членка на ЕУ. -Од лидерската средба вчера важно е да констатираме дека во овој момент Владата го нема потребното мнозинство во Парламентот …

Continue Reading