Oпштина Велес субвенционира 18 граѓани за купен велосипед

Општина Велес одобри барања за субвенции на физички лица за купен велосипед. Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша документот со кој на 18 лица кои се јавиле на повикот, а купиле велосипед, ќе им субвенционира по три илјади  денари. Од нив, 15 се од Велес, двајца од селото Иванковци и еден од село Чалошево. Како што појасни градоначалникот Колев, по …

Continue Reading

Завршен настан од проектот ,,Генерација Y-Not заедно градиме успех“ во Делчево

Во Делчево денеска се одржа завршниот настан во рамки на проектот ,,Генерација Y-Not заедно градиме успех“. Проектот е финансиран од Амбасадата на САД во Скопје, а во реализација на Регионалниот центар за застапување Делчево. -Настанот во форма на состанок МееtUp се организираше со цел на едно место да се соберат лица кои работат во сферата на социјалното претприемништво во регионот, …

Continue Reading

Османи на состанок на Глобалната коалиција за борба против Исламската држава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес учествуваше на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против транснационалната терористичка  организација Исламска држава (ИД), што се одржа во саудискиот главен град во Ријад во организација на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на саудиската дипломатија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд. – Северна Македонија како дел од Коалицијата, но и како актуелен претседавач на …

Continue Reading

Се асфалтира улицата „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка на потег до клучката со магистрала А2

Денеска отпочнаа активностите за асфалтирање на улицата „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, на потегот од Осички Мост кон клучката кај мотелот „Македонија” со магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка. Градоналникот Сашко Митовски, заедно со стручните служби од општината, изврши увид во  активностите на терен каде почна поставување нов асфалтен слој. -Уште една сообраќајница во градот добива нов асфалт. Проектот …

Continue Reading

Делегација на Комисијата за економија, земјоделство и транспорт од чешкиот Парламент во посета на Собранието

Делегација на Комисијата за економија, земјоделство и транспорт од чешкиот Парламент денеска имаше средба со членовите на собраниската Комисија за економски прашања, на која беа отворени теми за надминување на предизвиците во енергетиката. Претседателот на Комисијата за економски прашања, Диме Велковски, рече дека во изминатиот период во државата е зголемено производството на електрична енергија поради големиот број на сончеви денови …

Continue Reading

САД: Највисоко ниво од октомври 2021 година на бројот на барања за бенефиции за невработени

Бројот на барања за бенефиции за невработени поднесени од американски државјани минатата недела се искачи на највисоко ниво од октомври 2021 година. Бројот на Американци кои поднесоа такви барања достигна 261.000 во неделата што завршува на 3 јуни. Тоа е зголемување за 28.000 луѓе во однос на претходната недела, покажуваат најновите податоци на Министерството за труд. Неделните барања за невработеност …

Continue Reading

Мицкоски и Папазов извршија увид на реконструкцијата на улица во центарот на Кочани

Во рамки на активноста „Ова е Македонија за сите“ што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, партискиот претседател Христијан Мицковски и кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов денеска извршија увид во реконструкцијата на улицата „Браќа Ставреви“ во централното градско подрачје на Кочани. Градежните работи во сообраќајната и комуналната инфраструктура треба да се комплетираат во текот на оваа година, а ќе бидат опфатени и населени места …

Continue Reading

Напаѓачот кој повреди со нож деца во Франција немал „терористички мотив“

Сириски бегалец, осомничен дека денеска избодел шест лица во францускиот алпски град Анеси, најверојатно немал „терористички мотив“, изјави локалниот обвинител. Лине Бонет-Матис рече дека од четирите деца повредени во нападот, едното било на возраст од само 22 месеца, две биле двегодишни, а најстарото имало три години. Сите се во животна опасност. Повредени се и две возрасни лица. Осомничениот е на …

Continue Reading

Меџити: За Клинички центар заинтересирани англиска и турска компанија

Клиничкиот центар е проект што останува како приоритетн во мојот фокус. Тоа прашање бара многу подготовки. Заинтересирани се англиска и турска компанија, но и други компании, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити одговарајќи на новинарско прашање по повод 100 дена од стапувањето на министерската функција. -Тоа е многу добар капитален проект и треба да се среди еднаш засекогаш. Потребно е …

Continue Reading