Левица: Уште една жртва на системот – после Тони Сали, почина и Мемет Камбер, лице без лични документи

Длабоко сме огорчени поради трагичната смрт на Мемет Камбер, лице на кое му беа ускратени основните права и пристапот до здравствена заштита, само затоа што ги немаше потребните документи за да го докаже неговиот престој во Македонија. Овој трагичен настан е само потсетник на системската дискриминација и маргинализација со која ромската заедница продолжува да се соочува во нашето општество. Ова …

Continue Reading

Бесими: Фискална одржливост и прудентни јавни финансии клучни за економски раст во услови на криза

Фискална одржливост и прудентни јавни финансии, во услови на криза, со каква што се соочуваме во моментов, се клучен услов за економски раст и обезбедување просперитетна иднина за сегашните и идните генерации. Во таа насока клучни се спроведувањето кохерентни, интегрирани и одржливи политики. Ова го порачал министерот за финансии Фатмир Бесими на Самит на гувернери и министри за финасии и …

Continue Reading

Одбележан светскиот ден на мултипла склероза

Имаме 1.500 лица со мултипла склероза и сакам да истакнам дека не се сами. Нивните приказни нè инспирираат да поттикнеме поинклузивно општество, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, на настанот организиран од Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, а по повод одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза. – Со Националниот сојуз на лица …

Continue Reading

Град Скопје: Поради коалицијата ДПМНЕ – СДСМ во Советот, скопјани нема да добијат 50 нови, модерни и еколошки автобуси

Коалицијата ДПМНЕ – СДСМ работи против интересите на граѓаните во Советот на Град Скопје. Претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес одби по четврт пат да ја стави на дневен ред во Советот за гласање предлог точката за набавка на нови еко-автобуси за потребите на граѓаните. Само поради антинародната коалиција ДПМНЕ – СДСМ во Советот на Градот Скопје, скопјани …

Continue Reading

Васер: Ферари му се извини на Леклер, без казната ГН на Монако можеше да заврши поинаку

Извршниот директор на Ферари, Фредерик Васер, призна дека тимот му ја уништил на Шарл Леклер трката за ГН на Монако. Леклер се квалификуваше како трет, но беше казнет со губење на три позиции на стартот поради блокирањето на возачот на Мекларен, Ландо Норис. Во изјавата на стјуардите се нагласува дека инженерите на Скудерија доцна го предупредиле Леклер. -Тој е разочаран …

Continue Reading

Вкусот на традиционалната српска кујна во Limak Skopje Luxury Hotel

На 9 јуни 2023 година љубителите на кулинарските специјалитети ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна. По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претставува традиционалните вкусови на српската кујна. За автентичноста на специјалитетите што ќе бидат претставени се задолжени главниот готвач на хотелот …

Continue Reading

Членовите на ,,Simply Art” од Хонг Конг прогласени за најдобро школо на годинашниот „Мал битолски Монмартр“

Учениците на „Simply Art“ од Хонг Конг, Кина се избрани за најдобро школо учесник на годинашната светска детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и тие добија посебна Плакета од покровител на колонијата, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Со одлука на меѓународното стручно жири за најдобар учесник-ученик на светската детска ликовна колонија е прогласена Мируна Иоана Морте од Романија и …

Continue Reading

Амбасадор на САД во БиХ: Русија не е воена закана за Балканот, но сака нестабилен регион

Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина Мајкл Марфи оцени дека Русија во моментов нема планови да ја загрози стабилноста на Западен Балкан со нешто како воена интервенција, но сепак претставува закана која треба сериозно да се третира. Во интервју за Ал Џезира Балкан, Марфи рече дека е јасно дека Русија ги поддржува екстремистичките десничарски групи во регионот кои шират етничка …

Continue Reading

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска соопшти дека информацијата за укинување на организациските директори на клиниките е доставена до Владата. – Модалитетите ќе ги одлучиме заедно со Владата и со експертите. Информацијата е доставена до Владата, но не е помината, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот на кој се одбележа Светскиот ден на мултипла склероза. Меџити посочи дека …

Continue Reading