Ел Салвадор: Најмалку 153 лица, уапсени под специјални овластувања, починале во затворите

Најмалку 153 лица, затворени откако Ел Салвадор воведе вонредни овластувања во март 2022 година за да се спротивстави на моќните улични банди во земјата, починале во државен притвор, се вели во извештајот објавен од групата за човекови права Кристосал. Ниту еден од починатите не бил осуден за делото за кое бил обвинет во моментот на апсењето. Меѓу жртвите имало и …

Continue Reading

Меѓународниот ден на детето ќе биде одбележан со претставата „Волшебникот од Оз“

Министерството за култура денеска соопшти дека 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето ќе биде одбележан со продукција на училиштето за театар „Од игра до претстава“. Претставата „Волшебникот од Оз“ ќе се одржи на 1 јуни во 18 часот во Градскиот парк, кај Школка. – Во чест на Меѓународниот ден на детето, упатуваме отворена покана до сите семејства, деца, институции …

Continue Reading

Преку „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ месечни стипендии добија 474 ученици со попреченост, во 43 училишта подобрена пристапноста и инклузивноста

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ придонесе за суштинска вклученост на учениците со попреченост во редовните основни училишта, преку доделените месечни стипендии на 474 ученици со попреченост, во 43 училишта беше подобрена пристапноста и инклузивноста, повеќе од 150 ученици со попреченост добија образовно-туторска поддршка, 300 родители беа консултирани за секојдневните предизвици и повеќе од 430 вработени во училиштата учествуваа …

Continue Reading

Вучиќ апелираше до Кина да влијае да се стави крај на насилството врз Србите на Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на средбите со кинескиот и рускиот амбасадор, апелираше до Кина да влијае на меѓународната заедница со својот огромен меѓународен углед за да се постигне итен прекин на насилството врз Србите и да се обезбеди мир и безбедност на Косово, додека од Русија побара итно усвојување и спроведување на мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на …

Continue Reading

Кумановски гимназијалци освоија трето и четврто место по англиски јазик на ХИПО натпревар во Италија

Учениците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“,Мила Смилевска и Марко Спасовски освоија трето и четврто место на Меѓународниот натпревар по англиски јазик „Хипо“ одржан во Lido di Jesolo, Италија кој се одржа од 23 до 25 мај годинава. Во силна конкуренција Смилевска (прва година) и Спасовски (втора година) како единствени претставници од државата на нивната категорија ги освоија високите трето и …

Continue Reading

Во потонатиот чамец во петокот кај грчкиот остров Миконос загинаа девет лица

Девет загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со мигранти што во петокот се случи североисточно од грчкиот остров Миконос, откако денеска биле откриени безживотните тела на уште пет лица, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, со помош на нуркачи била извршена подводна потрага во потонатиот глисер што се наоѓа на …

Continue Reading

Судењето за Ласкарци продолжува на 8 јуни

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 8 јуни откако во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше сослушан сведокот Јакуп Мамути, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење. Во првиот дел, јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, го испрашуваше вештото лице Јакуп Мамути во однос на супервештачењето, за кое, вештото лице изјави дека го работеле помалку од една година. По …

Continue Reading

Шаќири во Брисел: Градиме сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование кое обезбедува знаења, вештини и компетенции за новите глобални предизвици

Република Македонија ги почитува препораките на Европскиот совет поврзани со предучилишното, училишното, стручното, високото образование и образованието за возрасни, младинското волонтерство и мобилноста. Националните институции од сферата на образованието секојдневно покажуваат сѐ поголема зрелост во меѓуинституционалната соработка и координација. Работиме на унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес на сите нивоа, засновајќи ги политиките на стратешки документи и законски решенија донесени …

Continue Reading

Судскиот совет ќе распише нов оглас за судии за пополнување испразнети места во судовите низ државава

Судскиот совет денеска на седница донесе одлука да се распише нов оглас за судии во основни судови низ државава кој ќе биде наменет за кандидатите што завршиле Академијата за судии и јавни обвинители, бидејќи на претходниот оглас од март годинава во повеќе градови судиските места останале непополнети, а за некои воопшто немало интерес. Огласот ќе биде подготвен да се објави …

Continue Reading