Османи-Брнабиќ: ОБСЕ ги поддржува реформските напори на Србија

Спроведувањето на реформите, обезбедување на владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права – вклучувајќи ги правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства се главните области во кои ОБСЕ ќе продолжи да и дава поддршка на Србија. Ова го истакнал министерот за надворешни работи и претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи на средбата со премиерката Ана Брнабиќ во Белград. – …

Continue Reading

Струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“ доби ново спортско игралиште

Министерот за образование Јетон Шаќири и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска го пуштија во употреба новото спортско игралиште во струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“. Инвестицијата е финансирана од блок дотациите што ги добива училиштето, во соработка на локалната самоуправа и Министерството за образование. – Продолжуваат инвестициите во образовна инфраструктура насочени кон подобрување на условите за едукација и спортски активности …

Continue Reading

Парламентот во Тирана расправа за зголемување на платите во администрацијата, но со висок процент и на функционерите и пратениците

Министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај денеска во парламентот во Тирана презентираше предлог закон со кој се отвора пат за зголемување на платите во администрацијата. Ибрахимај најави дека реформата на платите во администрацијата создава соодветни услови администрацијата да стане конкурентна. – Имаме намера да ја подобриме хиерархијата, да привлечеме и задржиме квалификувани вработени во администрацијата. Правиме директна …

Continue Reading

Здружението „Братство и единство – Тито“ го одбележа Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз Тито – 25 Мај

Со положување цвеќе на споменикот на Јосип Броз Тито, пред истоимената гимназија во центарот на Скопје, членови на Здружението „Братство и единство – Тито“, денеска го одбележаа 25-мај Денот на младоста и роденденот на маршалот и доживотен претседател на поранешна СФРЈ. Трајан Наковски, секретар на Здружението, кое е произлезено од згаснатата партија Титови леви сили, вели дека Тито е „најзаслужен …

Continue Reading

Службениот премиер на Грција положи свечена заклетва

Претседателот на Судот на ревизори Јоанис Сармас и официјално е новиот премиер на Грција во службената преодна Влада што ќе има една единствена цел да ја одведе земјата на избори на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. Сармас попладнево положи свечена заклетва во Претседателската палата пред грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и во присуство на поглаварот на ГПЦ, архиепископот …

Continue Reading

Приведено лице барано со централна потерница

Полициски службенициденеска го привеле Н.М.(58) од Скопје, по кого била распишана централна потерница со која се барал по наредба од Основен кривичен суд – Скопје како осудено лице на казна затвор од две години за сторено кривично дело по чл.383 од Кривичниот законик. Т Тој ќе биде предаден на надлежната казнено – поправна установа, соопшти МВР.

Continue Reading

Силен дожд со град попладнево во Велес

Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати Велес. Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода поради високата конфигурација на градот и нерешената атмосферска канализација. Движењето на сообраќајот по главните улици беше отежнато, а посебно на пешаците кои не можеа да ги преминат улиците од едната на другата страна. Од  Центарот …

Continue Reading

Бесими-Камер: Македонија има стабилни политики и продолжува по тој курс

Македонија ја задржува макроекономската стабилност и опстојува на реформскиот процес, истовремено справувајќи се со предизвиците од енергетската и ценовната криза. Минатата година ваквите политики овозможија ММФ да обезбеди пристап до Инструментот за претпазливост и ликвидност, со цел справување со кризата и одржување стабилност на среден рок. Кризата се менаџира од страна на Владата и се одржуваат јавните финансии стабилни, а …

Continue Reading

Втор Мајски коњички турнир претстојниот викенд на теренот на Анималс

Во организација на Федерацијата за коњички спортови на РС Македонија и клубот Анималс од Скопје в сабота од 11 часот ќе се одржи вториот Мајски коњички турнир и 1.коло од отвореното Државно првенство во дресурно јавање. Натпреварите ќе се одвиваат на теренот на клубот Анималс во населбата Дрма – Идризово. На програмата се три натпревари: Категорија-А, Категорија-М и Категорија-ЛМ.

Continue Reading