Запленети пури и тутун за пушење во вредност од над еден милион денари

Инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа во две посебни истраги спроведени вчера и денеска, запленија 200 парчиња луксузни пури и 220 килограми тутун во вкупна вредност од 1.200.000 денари, известуваат од Царинска управа. Од Царинската управа информираат дека со ова е спречен обид на пуштање во слободен промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање …

Continue Reading

Маркињос го продолжи договорот со ПСЖ

Капитенот на ПСЖ, Бразилецот Маркињос, потпиша нов долгорочен договор и ќе остане во редовите на францускиот првак до 2028 година, соопшти денеска клубот од Париз. „Одушевен сум што го продолжив договорот, но и многу горд. Ова е посебен момент за мене. Уверен сум дека ќе продолжиме да постигнуваме големи работи заедно во годините кои доаѓаат“, изјави 29-годишниот бразилски дефанзивец за …

Continue Reading

ОПШТИНА АЕРОДРОМ КАКО ПАРТНЕР СЕ ВКЛУЧУВА ВО КАМПАЊАТА НА АУЕ – ФОН „20 ГОДИНИ, 200 КОМПАНИИ, 2000 СТИПЕНДИИ“

Американскиот универзитет на Европа – ФОН и Општина Аеродром денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што една од најголемата единица на локална самоуправа на територија на Град Скопје се вклучува како партнер во кампањата на Универзитетот „20 години,  200 компании, 2000 стипендии“. Со Меморандумот, кој го потпишаа генералниот директор и основач на АУЕ – ФОН, м-р Сефер Цаноски и градоначалникот …

Continue Reading

ЕУ ги повика земјите од Г7 да соработуваат во производството на чисти технологии

Европската Унија ги повика на соработка земјите од Г7 во производството и промоцијата на чисти технологии. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање на самитот на лидерите на Г7 што се одржува во Хирошима, Јапонија, ја истакна важноста на соработката во глобалната економија. – И покрај сите геополитички предизвици, транзицијата кон чиста енергија се забрзува, рече …

Continue Reading

Ковачевски не размислува да поднесе оставка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски е дециден дека не размислува да поднесе оставка и покрај тоа што рокот за уставните измени е до ноември. Забележа дека Владата има ингеренции со управување со државата, а за уставните измени е потребно дво – третинско мнозинство. -Тоа е обврска не само на Владата, туку и на сите политичко – општествени …

Continue Reading

Пријава против НН лица поради обид за саботажа и уништување на јавен имот

Градот Скопје заедно со општина Карпош, денес поднесе пријава против НН сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на т.н. „Железнички Мост“ во општина Карпош на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.   Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, …

Continue Reading

Поголемо количество недозволено оружје и муниција пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој привремено престојувал 35-годишниот скопјанец, полицијата под креветот пронашла автоматски пиштол „Застава М84 – …

Continue Reading

Зеленски најави дека ќе зборува на самитот на Арапската лига во Џеда и ќе ја претстави украинската формула за мир

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја започна посетата на Саудиска Арабија, објави Укринформ, повикувајќи се на негова објава на „Телеграм“. Ова е негова прва посета на саудиската монархија откако беше избран за претседател на Украина. Шефот на украинската држава пристигна во саудискиот град Џеда со авион на француската влада. Таму ќе учествува на самитот на Арапската лига. За овој самит …

Continue Reading

ОН: Во Мјанмар околу 800.000 лица се загрозени по циклонот Моча

 Околу 800.000 луѓе се загрозени откако циклонот Моча помина низ Мјанмар, соопштија денеска Обединетите нации (ОН), додека воените власти во Јангон процениле дека настрадале 145 луѓе. „На најмалку 800.000 луѓе им е потребна итна помош во храна“, рече заменик-директорот на Светската програма за храна за Азија и Пацифик, Антеа Веб. Таа рече дека по циклонот отсечени се патишта, уништени се …

Continue Reading