Матурско дефиле и бал на градскиот плоштад во Крива Паланка

Младешка енергија, ведрина и радост денес завладеаја во Крива Паланка со „Матурско дефиле“, бал и забава за 130- те ученици од завршна година во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот. Градоначалникот, Сашко Митовски, кој е иницијатор за ваквиот вид одбележување за првпат во општината, ги поздрави матурантите, честитајќи им го, како што рече, заокружувањето на едно од најубавите поглавја …

Continue Reading

Постои „голема веројатност“ за обнова на договорот за извоз на жито од Украина, тврди турски функционер

Постои „прилично голема веројатност“ договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море да биде продолжен, изјави денеска висок турски функционер, еден ден пред Русија да го напушти договорот поради пречките за извозот на сопственото жито и ѓубрива. Претходно и последниот брод го напушти украинското пристаниште, според договорот што овозможуваше безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море. Доколку не …

Continue Reading

Еврокомисијата предложи царинска реформа, која вклучува царина за стоки со вредност помала од 150 евра

Европската комисија денеска предложи реформа на царинската унија на ЕУ, со која, меѓу другото, се предвидува и воведување царини за производите чија вредност е помала од 150 евра. Со предложената реформа се укинува сегашниот праг врз основа на кој стоката со вредност помала од 150 евра е ослободена од царина, што според Еврокомисијата, било масовно користено од измамници. Од Комисијата …

Continue Reading

Oтворена првата самостојна изложба на Фимка Капушевска во Пехчево

Уметнички дела на пехчевката Фимка Капушевска од денес во наредните десетина дена ќе бидат изложени во Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево. Валентина Веселинска, директорка на Домот на култура, кој е организатор на настанот, истакна дека се работи за прва самостојна изложба на Капушевска. -Во рамки на отворањето на изложбата, посетителите можеа да ги видат прекрасните уметнички дела на …

Continue Reading

Во Собранието доделени дипломи на слушателите на курсот за основни познавања на знаковниот јазик

Во Собранието денеска беа доделени дипломите за успешно завршен курс по основни познавања на знаковниот јазик за пратеници и вработени во Службата на Собранието. Дипломите на вкупно 19 пратеници и вработени кои го посетуваа курсот им ги врачи генералната секретарка Цветанка Иванова. Курсевите се одржуваа во две групи: напредно ниво (продолжение на претходната обука) – општа употреба на македонски знаковен …

Continue Reading

Одржана дебата на АУЕ – ФОН на тема „Државна матура или приемен испит на факултет“

ДРЖАВНАТА МАТУРА ДА СЕ РЕФОРМИРА И АДАПТИРА НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ИДНИНАТА, НО ПРИЕМНИОТ ИСПИТ НА ФАКУЛТЕТИТЕ Е НЕОПХОДЕН ЗА ВАЛОРИЗИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ И НИВОТО НА ЗНАЕЊЕ НА УЧЕНИКОТ Полагањето на државната матура за средношколците како концепт треба да се задржи, но треба да се осовремени и да се прилагоди согласно новите технолошки трендови, потребите и барањата на пазарот на труд. …

Continue Reading

Папата Франциск ја прекина неделната аудиенција за да одговори на телефонски повик

Папата Франциск денеска ја прекина својата неделна аудиенција на плоштадот Свети Петар за да оствари телефонски повик, принудувајќи ги насобраните верници да го чекаат повеќе од една минута. Еден помошник на понтифот му подаде мобилен телефон и му покажа на човекот кој требаше да чита од говорницата да чека. Прес-службата на Ватикан, која вообичаено не ги коментира приватните разговори на …

Continue Reading

Почна расправата по Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска ја почна дебатата по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, кој е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. За овој предлог-закон поднесени се 17 амандмани од страна на пратениците на …

Continue Reading

Еквадорскиот претседател издаде указ за распуштање на парламентот

Еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо денеска со Указ го распушти парламентот, со што го забрза процесот на спроведување парламентарни и претседателски избори, пренесуваат британските меидуми. Тој го направи овој потег само еден ден откако ги презентираше аргументите на својата одбрана поврзани со процесот за отповикување од функцијата што го иницираше опозицијата. Ласо е обвинет дека е политички одговорен за наводната проневера …

Continue Reading