Принцот Хари ги тужи британските власти: Не му дозволиле да плати за да има полициско обезбедување

Адвокатот на принцот Хари денеска пред судот во Лондон изјави дека на овој член на британското кралско семејство треба да му се дозволи да ја оспори владината одлука која му го ускрати правото да плати за полициска придружба за време на неговата посета на Велика Британија. Адвокатот на Хари побарал од судијата да му дозволи на војводата да преземе правна …

Continue Reading

Уапсен е претседателот на Врховниот суд на Украина, обвинет за поткуп од 2,7 милиони долари

Претседателот на Врховниот суд на Украина е уапсен под обвинение за примање мито во износ од 2,7 милиони долари, соопшти Украинското национално антикорупциско биро (НАБУ). Во вчерашната објава на Фејсбук, НАБУ не го објави името на уапсениот функционер, но рече дека „открила голема корупција во Врховниот суд, што им овозможило на раководството на судот и на судиите да примаат мито“. …

Continue Reading

Гир: Политичкиот јаз се продлабочува и затоа потребните реформи назадуваат

Има напредок, има чувство дека работите се движат напред особено во однос на усвојувањето на уставните измени во согласност со билатералните обврски преземени со Договорот меѓу државава и Бугарија, но за жал и покрај политичките заложби од двете страни за иднината на Македонија во Европската унија сè уште нема заеднички дневен ред за потребните реформи. Политичкиот јаз се продлабочува и …

Continue Reading

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Република Македонија од своето осамостојување е посветена на остварување евроатланска иднина. Од минатата година на тој пат веќе се отворени преговорите, се одвива скрининг процесот, кој треба да заврши во ноември годинава по што ќе следи извештај од страна на ЕК, и потоа се очекува интензивирање на активностите за да се оствари целта на Владата, земјава да стане полноправна членка …

Continue Reading

Сопругата на Имран Кан обвинета за корупција

Бушра Кан, сопругата на поранешниот пакистански премиер Имран Кан, е обвинета за корупција во истиот случај што доведе до негово апсење на 9 мај. Британските медиуми наведуваат дека Имран Кан вчера ја придружувал сопругата до судот, каде и беше одредена кауција. Бушра Кан е позната по нејзината духовност и приврзаност кон суфизмот, мистична форма на исламот, а нејзиниот сопруг често …

Continue Reading

Измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање поминаа на Комисијата за европски прашања

Собраниската Комисија за европски прашања попладнево ја заврши расправата за Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, и го проследи на натамошна постапка во Собранието. Во попладневниот дел од работата, Комисијата не усвои ниту еден од седумте предложени амандмани за предлог-законското решение од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш по завршување на амандманската расправа …

Continue Reading

ОН предлагаат да се намали пластичниот отпад за 80 отсто до 2040 година

Земјите можат да го намалат загадувањето со пластика за 80 отсто до 2040 година со примена на постојната технологија и воведување големи промени во политиките, се наведува во новиот извештај на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) објавен во понеделникот. Телото на ОН со седиште во Кенија ја објави својата анализа на политичките опции за справување со кризата …

Continue Reading

Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти

Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта. Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини. -Во нашето училиште, каде наставата се …

Continue Reading

Дуелот на македонските ракометари со Франција го отвора ЕУРО2024

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го одреди распоредот и локациите на кои ќе се игра ЕУРО2024 кое ќе биде отворено со дуелот меѓу македонската ракометна репрезентација и Франција на 10 јануари идната година. Натпреварот на македонските ракометари против трикратниот европски првак ќе се игра во Меркур – Шпил Арена во Дизелдорф со почеток во 18:00 часот, а подоцна на истиот …

Continue Reading