Ердоган: Продолжен договорот за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа

Договорот за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа, кој требаше да истече денеска, е обновен, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Договорот за коридорот за жито требаше да истече денеска. Како резултат на нашите преговори со двете страни (Русија и Украина), обезбедивме продолжување на овој договор“, рече Ердоган во обраќање во западниот град Чанакале. Тој им се заблагодари на …

Continue Reading

Ковачевски: Не сум дојден да убедувам некого за нешто, сите имаат одговорност за одлуките што се носат

ас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого за нешто, бидејќи сите треба да имаат јасна визија и одговорност во однос на одлуките коишто треба да се носат, истакнува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА, изразувајќи надеж оти и во опозицијата постои демократски капацитет, постојат луѓе коишто веруваат во европската иднина на државата. – Постојат одлуки …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Буџетот за култура да се уреди со закон

Буџетот за култура треба да е уреден со закон за да не се крати за културните проекти. Кратењето на буџетот е заради обезбедување на платите на културните работници согласно Колективниот договор што изнесува 51,3 отсто, и е заслужено бидејќи 15 години се бореа за своите права, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во гостувањето во емисијата „Стадион” на радио Канал …

Continue Reading

Во Охрид во тек трилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти

Во Охрид попладнево почна трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак. На средбата и претходеа одвоени билатерални средби на Вучиќ и на Курти со Борел и …

Continue Reading

Ковачевски: Дијалогот Белград-Приштина во Охрид е потврда дека земјава е фактор на стабилност на Балканот

Денешното одржување на дијалогот на високо ниво за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во Охрид се најголема потврда дека Северна Македонија во овој момент е фактор на стабилност на Балканот, што го потврдивме преку нашето зачленување во НАТО, преку отворањето на преговорите со ЕУ и преку тоа земјава претседавач со најголемата регионална безбедносна организација – ОБСЕ во веројатно …

Continue Reading

Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Башар Асад

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Башар Асад, стои во декретот објавен денеска на веб-страницата на украинскиот претседателски кабинет. Во документот се наведува дека Асад подлежи на замрзнување на имотот и голем број други мерки. Рестриктивни мерки се изречени за уште 300 физички и 141 правно лице. Повеќето од оние на списокот со санкции се руски државјани, …

Continue Reading

„Блиц“: Екстремисти планираат улични протести во Србија

Екстремисти од неколку ултрадесничарски и проруски организации во Србија планираат насилни демонстрации во деновите по средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премеир Албин Курти со посредниците од ЕУ, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак во Охрид, јави дописникот на МИА од Белград. Според неименувани извори на „Блиц“, екстремистички групи го чекаат исходот од охридската средба и се надеваат на …

Continue Reading

МВР регистрирана непрописи во работењето на казина во Кавадарци, Прилеп и Битола

При спроведена контрола од страна на припадници на полицијата и инспектори, во текот на изминатата вечер регистрирани се непрописи во работењето на казино во Кавадарци, Прилеп и Битола. Од МВР информираат дека во казно во Кавадарци е констатирано непрописно работење од страна на УЈП, а затекнат бил и еден малолетник во објектот. Од страна на УЈП било евидентирано неправилно работење и …

Continue Reading

И денеска штрајкови и протести во Франција

Штрајковите во рафинериите за нафта продолжуваат и денеска во Франција, а жителите ширум земјата протестираат затоа што се гневни на Владата, која го протурка предлогот за зголемување на старосната граница за државната пензија без гласање во Парламентот. Како што пренесуваат странските агенции, широко распространетите немири, во комбинација со ѓубрето по улиците на Париз, ги поставија претседателот Емануел Макрон и француската …

Continue Reading

Фолклорен ансамбл ,,Ацо Ѓорчев” вечерва реализира концерт во Неготино

Фолклорен ансамбл „Ацо Ѓорчев“, вечерва реализира мартовски концерт во Неготино, информираа попладнево од ансамблот. – Наши гости на овој концерт се фолклористите од Културно уметничкото друштво „Младост“ од Врање, соседна Србија. Ќе може да се проследат настапите на околу 300 млади, разиграни и распеани игроорци од двете друштва, појасни Горан Трајков, кореограф, претседател и уметнички раководител на ансамблот. Тој потсети …

Continue Reading