Османи: Кампањата на ДУИ не се однесува на избори, наредните денови ќе биде откриено што значи

– Министерот за надворешни работи и член на Претседателството на ДУИ Бујар Османи вели дека новата кампања на ДУИ насловена „Тој доаѓа“ не се однесува на избори и најавува дека наредните денови ќе се знае што точно значи оваа кампања. Во изјава за Канал 5 телевизија, Османи вели дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека Владата е стабилна, …

Continue Reading

Јапонија и Јужна Кореја обновуваат односи на самитот во Токио

– Јапонија и Јужна Кореја се договорија да ги продолжат редовните посети на нивните лидери и да преземат чекори за решавање на нивниот трговски спор за време на денешниот долгоочекуван самит. Јапонскиот премиер го нарече тоа „голем чекор“ кон обновата на безбедносните и економските врски на двете земји. Самитот би можел да ја преобликува стратешката карта на североисточна Азија, бидејќи …

Continue Reading

Од обврските што земјата ги има кон ЕУ не смее да се прави дневна политика, смета Ковачевски

Од обврските што земјата ги има кон Европската Унија во интеграцискиот процес не може и не смее да се прави дневна политика и тие да бидат предмет на уцена, смета премиерот Димитар Ковачевски. – До целосното зачленување во ЕУ, нашата држава треба да донесе одредени одлуки кои се однесуваат на исполнување на критериуѕмите од ЕУ и обврските од Преговарачката рамка …

Continue Reading

Собранието изгласа законски измени со кои се овозможува директна набавка на лекови од единствен производител

Собранието вечерва на 106-тата седница донесе Закон за дополнување на Законот за лекови и медицински средства и изгласа измени на Законот за здравствено осигурување откако претходно собраниската Комисија за здравство одржа итна седница. Со дополнувањето на Законот за лекови и медицински средства ќе биде можно директна набавка на лек преку посебни договори меѓу државата и производителот на иновативен лек што …

Continue Reading

Лукаревска: СДСМ е демократска партија, каде не е грев да се има поинакво мислење

– Заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП Сања Лукаревска во вечерашното гостување во „Само интервју“ на телевизијата „Канал 5“ рече дека СДСМ е демократска партија и оти во партијата има капацитет и не се поставува проблем кога некој има поинакво мислење. -Во СДСМ одлуките се носат од органите на партијата. Пионери сме во она што се нарекува внатрепартиско гласање, …

Continue Reading

Рамос се повреди на тренинг натпревар со младинскиот тим на ПСЖ

Серхио Рамос се повреди на тренинг на ПСЖ. Дефанзивецот се повреди на утринскиот натпревар со младинскиот тим. Предвреме ја напушти лекцијата, на својата позиција натпреварот го заврши играчот од средниот ред Ворен Заир-Емери. Шпанецот оваа сезона одигра 24 натпревари во Лига 1 и имаше една асистенција. На 19 март ПСЖ ќе се сретне со Рен во францускиот шампионат со почеток …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Од Ковачевски не може да се очекува долгорочен план

Скопје, 16 март 2023 Ковачевски не може да ја сокрие нервозата. Таа е толку очигледна на секое негово јавно појавување, а особено на денешното интервју. Тоа е резултатот на лажната реалност која ја презентира, а во која ни самиот не верува. Мисли дека ако купил едно пакување макарони со многу помпа и камери, знае како живеат граѓаните. Очигледно ниту знае, …

Continue Reading

Ковачевски: Сега се потребни 2,1 минимална плата за една потрошувачка кошничка, во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни 4,5 минимални плати

Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка, а сега се потребни 2,1 минимални плати за една потрошувачка кошничка. Имаме дупло зголемување на стандардот на работниците кои работат со минимална плата, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој вечерва на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“ изрази задоволство што системските решенија за усогласување на минималната …

Continue Reading

Почна изградбата на камбанаријата на манастирот „Света Марена” во село Туминец

Денеска во дворот на манастирот „Света Марена“ во село Туминец, општина Пустец, со благослов на корчанскиот владика г. Јован, почна со изградба камбанарија, која му недостигаше на овој храм. Во присуство на Македонци од Мала Преспа, камен-темелникот на камбанаријата го освети свештеник на корчанската митрополија. Камбанаријата се гради со средства кои Македонци со потекло од Албанија и од цела РС Македонија ги собраа на …

Continue Reading

Предлог законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства го помина комисискиот филтер

Предлог законот за дополнување на Законот за лекови и медицински средства попладнево доби поддршка од членовите на собраниската Комисија за здравство и ќе биде проследен на натамошна постапка во Собранието. За овој предлог-закон беа поднесени неколку амандмани од членовите на Комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа одбиени. Заменик-министерката за здравство, Марија Манолева истакна дека оваа иницијатива има за цел …

Continue Reading