Костадиновска-Стојчевска: Со новиот закон за македонскиот јазик тој се заштитува како духовно наследство

– Македонскиот јазик како официјален јазик на територијата на целата држава, а ние како земја сме потписнички на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на материјално и нематеријално наследство. Македонскиот јазик, како таков, е дефиниран како духовно наследство и треба да ужива заштита од највисок вид, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Објектив“ на МТВ. Таа додаде дека …

Continue Reading

Долгогодишниот помошник на Зидан почна самостојна тренерска кариера

– Долгогодишниот помошник на Зинедин Зидан, од времето кога го предводеше Реал Мадрид, францускиот фудбалски стратег Давид Бетони (51), е назначен денеска за нов тренер на швајцарски Сион. Бетони како помошник на Зидан во Реал освои три трофеи во Лигата на шампиони (2016, 2017, 2018) и две шпански титули (2017, 2020). Неговиот однос со Зидан почна уште во првата половина …

Continue Reading

Во Франција на протестите против пензиските реформи се собраа 1,28 милиони луѓе

 – Француското Министерство за внатрешни работи вечерва соопшти дека на протестите ширум земјата против пензиските реформи имало 1,28 милиони луѓе, јави радиото Франс Инфо. „Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Франција имало 1,28 милиони демонстранти, додека главниот синдикат CGT ја споменува бројката од 3,5 милиони собрани“, објави француското радио на својата веб-страница. Париската полициска префектура објави дека во француската …

Continue Reading

Груби го осуди синоќешното убиство и ги охрабри институциите поскоро да ги откријат сторителите

–  Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го осуди синоќешното двојно убиство на Кале и ги охрабри институциите интензивно да делуваат за што поскоро да ги откријат сторителите. Тој вечерва во телевизиско гостување рече дека нема повеќе информации во врска со немилиот настан од оние што се соопштени во јавноста. Според …

Continue Reading

Отворена изложбата „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија

– Во Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија вечерва беше отворена изложбата „Реминисценции“ на познатиот македонски сликар, кој живее и работи во Софија, Марјан Ѕингаров. За изложбата говореа д-р Иво Пецов, кој зборуваше за апстрактното сликарство на Ѕингаров, познатиот бугарски новинар Даниел Менчев, како и директорот на КИЦ на РСМ во Софија, Сашко Насев, кој пак се осврна на естетиката и …

Continue Reading

Грузиската полиција со солзавец ги растерува демонстрантите пред Парламентот кои се незадоволни од предлог-законот за медиуми

– Грузиската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа пред зградата на Парламентот во главниот град Тбилиси, незадоволни од предлог-законот за кој сметаат дека ја задушува слободата на печатот. Според Законот, ќе се бара медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странски извори да се регистрираат …

Continue Reading

Груби: Не гледам ништо неморално и неетички во тоа што игравме баскет и фудбал во мојот Кабинет

– Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби не гледа ништо неморално и неетички во тоа што попладнево со министрите од ДУИ играл баскет и фудбал во неговиот Кабинет. Како што рече вечерва, денот бил напорен и предизвикувачки. Пораката од „играњето“ била дека се одличен тим, многу сложни заедно, дека се млади …

Continue Reading

Конте се враќа на клупата на Тотенхем за пресметката со Милан

– Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, се оправи од операцијата што му беше извршена на жолчното кесе и ќе го предводи англискиот тим на утрешниот реванш осминафинален натпревар против Милан во Лигата на шампиони. „Сега се вратив и среќен сум. Имаме голем натпревар пред нас, сакаме да мине во следната фаза. Се надевам дека ќе почувствуваме неверојатна атмосфера на стадионот“, …

Continue Reading

Птичји грип откриен во југоисточниот и северниот дел на Унгарија

– Птичји грип повторно е откриен на фарма за гуски во округот Бекеш, на југоистокот од Унгарија, соопшти денеска Управата за безбедност на храната на таа земја. Констатирано е дека оваа болест е регистрирана и кај птици во заробеништво во областа Комаром – Естергом на северот од земјата, пренесе МТИ. Верзијата на птичјиот грип Х5Н1 е дијагностицирана на фарма во која …

Continue Reading

Шефот на иранската дипломатија, Абдолахиан утре во посета на Турција

– Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан утре ќе ја посети Турција во знак на солидарност по минатомесечните разорни земјотреси со епицентар во областа Кахраманмараш во јужна Турција, објави на Твитер, турското Министерство за надворешни работи. Министерот Абдолахиан во Анкара ќе се сретне со турскиот колега Мевлут Чавушоглу и ќе го посети Адијаман, една од тешко погодените области …

Continue Reading