Стојаноска: Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, потребни се избори

Единствен проблем за влез на Македонија во ЕУ се криминалот и корупцијата, и секојдневно шлаканиците доаѓаат за тоа, изјави пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24. Стојаноска посочи дека имаме Влада во која има еден лапсус премиер кој повеќе изговара лапсуси отколку вистински зборови и тоа е факт. …

Continue Reading

Јермак: Ќе бидат сменети функционерите кои ги избегнуваат воените должности

– Функционерите на украинската Влада кои ги избегнуваат своите должности за време на војната брзо ќе бидат сменети, изјави, шефот на кабинетот на украинскиот претседателот Андриј Јермак. – Секој треба да го разбере своето ниво на одговорност кон државата и нацијата за време на војната. Кој и да заборави на тоа, реакцијата ќе биде брза. Ова ќе му се случи на секој …

Continue Reading

Во Велес се самоуби маж кој тешко повреди 25-годишната девојка, таа се бори за живот на Клинички

– Се самоуби 38-годишниот маж, попладнево во неговиот стан во Велес на улица „Андон Шурков“, кој утрово тешко ја повреди својата 25-годишна невенчана сопруга, која се бори за нејзиниот живот во Клинички во Скопје. Информацијата за МИА вечерва ја потврди Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес, кој рече дека утре ќе се произнесе со дополнителни информации околу денешниот случај и за тоа дали повредата и …

Continue Reading

Блинкен во посета на Блиски Исток

– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен викендов ќе ги посети Египет, Израел и Западниот Брег, соопшти денеска Стејт департментот. Предвидено е Блинкен в недела во Каиро да се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, а в понеделник ќе ги посети Ерусалим и Рамалах, а во вторник ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас, објави Стејт департментот. Посетата …

Continue Reading

Ковачевски на средба со вонпарламентарните коалициски партнери – тема поддршката за граѓаните во справување со кризата

– Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека одржал работна вечера со претседателите и други високи претставници на вонпарламентарните партии, кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ, на која се разговарало за реализација на владината програма, како и за мерките и политиките за поддршка на граѓаните во време на светска економска и енергетска криза.  – Оваа средба, која е дел од низата средби …

Continue Reading

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Павлинка Илоска, која лани ја донесе велешкиот Основен суд

– Апелациониот суд од Скопје денеска ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд во Велес со која 24-годишната Павлинка Илоска од Велес беше ослободена од обвинение за кривично дело „убиство во миг“, кога во нужна самоодбрана на својот го лиши од живот нејзиниот невенчан сопруг, 40-годишниот полицаец Александар Ристовски. Ова попладнево за МИА го потврди судијката Габрила Гајдова од Основниот суд …

Continue Reading

Ананд: Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина

– Канадската министерка за одбрана Анита Ананд изјави дека Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина. – Канада ќе и испорача четири главни борбени тенкови Леопард 2 на Украина во наредните недели. Оваа донација, комбинирана со придонесите од сојузниците и партнерите, значително ќе им помогне на вооружените сили на Украина додека херојски се борат за одбрана на слободата и суверенитетот на …

Continue Reading

Во Делчево отворена патувачката изложба ,,Ана Франк – Историја за денес”

– Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ е отворена во Делчево. Ристо Савески од Младинскиот образовен форум и координатор на проектот информира дека изложбата претставува збир од изложбени паноа, кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. -Проектот „Ана Франк – Историја за денес“ се реализира веќе пет години. Соработуваме …

Continue Reading

Енцо нема да форсира преселба во Челзи, Бенфика му ветува на играчот два милиона евра за верност

– Челзи ќе направи уште еден обид да го ангажира Енцо Фернандез. Според „Рекорд“, играчот од средниот ред нема да изнуди потег и ќе се фокусира на Бенфика бидејќи сфаќа дека има мали шанси за трансфер во Челзи. Се известува и дека Бенфика е подготвена да му плати на играчот два милиони евра како бонус за лојалност. Челзи се обиде да …

Continue Reading

Ен-Би-Си: Бајден размислува за турнеја низ Европа за време на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина

– Американскиот претседател Џо Бајден размислува за турнеја низ Европа во февруари по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти  телевизијата Ен-Би-Си на Твитер. Според извори од американската влада, Бајден ја истражува можноста за посета на голем број земји, вклучувајќи ја и Полска. Не е исклучено во истиот период САД да објават нов пакет воена помош за …

Continue Reading