Во Грција почна судењето на активистите кои спасуваа мигранти

– На грчкиот остров Лезбос денеска почна долгоочекуваното судење на 24 членови на организации за хуманитарна помош обвинети за шверц со луѓе, шпионажа и перење пари. Една од обвинетите е познатата сириска бегалка и активистка за човекови права, Сара Мардини. Таа има адвокати кои ја застапуваат, јави државното радио. Бројни членови на три невладини организации се обвинети за шверц со мигранти …

Continue Reading

Ахмети: На средбата со Рама ќе ги разгледаме сите теми важни за евроинтеграцијата

– Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој попладнево пристигна во Тирана на средба со премиерот на Албанија, Еди Рама во придружба на првиот вицепремиер Артан Груби, рече дека средбата е пријателска и братска и ќе се разгледаат сите теми. -Средбата е пријателска и братска, темите ќе видиме да ги разгледаме сите теми кои што мислиме дека се корисни, особено ме …

Continue Reading

Костадиновска Стојчевска: Нема да се укине колективниот договор, не одам против вработените во сопствениот сектор

– Уште на првиот состанок со синдикатите јасно им кажав дека јас колективниот договор нема да го раскинам. Не одам против вработените во сопствениот сектор и колективниот договор нема да го раскинам бидејќи тоа е право што го добиле после 15 или 20 години, тврди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа во нејзиното гостување вечерва на телевизија Телма целосно …

Continue Reading

Компанијата „Ербас“ минатата година испорачала 661 патнички авион, осум отсто повеќе од лани

– Компанијата „Ербас“ денеска соопшти дека минатата година испорачала 661 патнички авион на 81 клиент, што претставува зголемување од осум отсто споредено со 2021 година. Најголемиот европски производител на патнички авиони наведува дека лани имал вкупно 1.078 нарачани авиони, што вкупно изнесува 7.239 досега нарачани патнички авиони.

Continue Reading

Минатата година во Антверпен биле запленети околу 110 тони кокаин

– Во 2022 година белгиските власти заплениле речиси 110 тони кокаин во пристаништето Антверпен, првото пристаниште за влез во Европа за дрогата од Латинска Америка, соопшти денеска белгиската царина. Првпат е надминат прагот од 100 тони. Минатата година биле запленети точно 109,9 тони кокаин, наспроти 89,5 тони во 2021 година, соопшти царината. Во холандското пристаниште Ротердам, уште еден сообраќаен јазол на европскиот континент, во 2022 година биле …

Continue Reading

Скалони за Меси: Не му требаше победа на Светското првенство за да се смета за најголем

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони проговори за статусот на напаѓачот Лионел Меси по освојувањето на Светското првенство во 2022 година. – Мислам дека не му требаше светска титула за да се смета за еден од најголемите или најголемите. Само што од него секогаш се бара повеќе. Сега кога го освои Светското првенство, не знам што друго ќе се бара од него. …

Continue Reading

Бајден во март ќе ја посети Канада, соопшти Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети Канада во март, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Белата куќа објавено денеска по билатералната средба меѓу Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо во главниот град на Мексико. На средбата, претседателот рече дека со нетрпение ја очекува неговата посета, соопшти Белата куќа. Ова ќе биде прва посета на американскиот претседател на …

Continue Reading

Лидерите на политичките партии на Албанците од Северна Македонија на средба со Рама во Тирана

Премиерот Еди Рама во Тирана вечерва одржува средба со лидерите на албанските партии во Северна Македонија, на која присуствува и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, јави „Њуз 24“. -Тема на средбата е внатрешно-политичката ситуација во Северна Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот во Македонија за обезбедување мнозинство, бидејќи Собранието мора да направи одредени уставни …

Continue Reading

Медиу смета дека е невин и обвини дека мотивот за негово кривично гонење е политички

Поранешниот албански министер за одбрана, Фатмир Медиу, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба за случајот „Грдец”, во првата реакција обвини дека мотивот е политички, додавајќи дека е невин, бидејќи, според него, не била „министерска наредба што ја предизвикала трагедијата”. – Ми беше презентирано истото досие, истото обвинение како и во 2009 година, без да додадат документ или дополнителен …

Continue Reading

Бразилскиот сенат одобри интервенција на федералните сили во престолнината Бразилија

Бразилскиот Сенат денеска одобри интервенција на федералните сили во главниот град на Бразил, откако во неделата поддржувачи на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во зградите на клучните државни институции. Одлуката за интервенција на федералните сили ја донесе бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва по нередите во неделата. Одлуката беше одобрена од Долниот дом на бразилскиот конгрес. Повеќе од 600 …

Continue Reading