Тамара Јованов: Увозот и горењето на ѓубрето од ЕУ не пречи, ама коледарските огнови пречат!?

Увозот и горењето на ѓубрето од ЕУ не пречи, ама коледарските огнови пречат!? Да ги забраниме сите ситни задоволства на луѓето, за да може крупниот системски криминал уште покомотно да се одвива!? Не, не е до огнот, туку до намножени морализатори кои попрво би им се силеле на обични луѓе (за огнот), отколку на оние “недостижните”, кои се вистинските трујачи. …

Continue Reading

Канцеларија за КиМ: Две српски момчиња повредени од огнено оружје во близина на Штрпце

Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија денеска соопшти дека бара итна и одлучна реакција на меѓународната заедница, по повредувањето на две момчиња во Готовуши во близина на Штрпце. Врз момчињата било пукано од возило во движење, при што едниот е застрелан во рака, а другиот во рамо. Тие се хоспитализирани во Грачаница. Од Канцеларијата за КиМ тврдат дека, иако …

Continue Reading

Во Скопје попладнево регистриран земјотрес

Земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, е регистриран попладнево во 16 часот и 51 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.

Continue Reading

И покрај примирјето продолжуваат борбите во Украина

Според објавите на социјалните мрежи и странските медиуми покрај едностраното примирје прогласено од Москва, а отфрлено од Киев, во Украина и денеска се слуша артилериски оган. Според локален жител на Доњецк, забележани се ракети истрелани од позициите на руските сили на периферијата на градот. Руски гранати го погодија Краматорск, украински град во близина на линијата на фронтот во регионот на …

Continue Reading

Чеферин единствен кандидат за претседател на УЕФА

Словенецот Александар Чеферин, кој е на чело на УЕФА од септември 2016 година, е единствен кандидат за претседателската должност на изборниот конгрес што ќе се одржи на 5 април во Лисабон. Адвокат по вокација, 55-годишниот Чеферин ќе ја предводи УЕФА во уште еден четиригодишен мандат, откако единствен поднесе кандидатура заклучно со крајниот рок за пријавување што истече во четвртокот. Претседателот на Фудбалската федерација …

Continue Reading

Талибанците до принцот Хари: Окупаторските сили во Авганистан убиваа невини луѓе без никаква одговорност

Талибанската Влада упати критика кон британскиот принц Хари, кој во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе за време на неговата воена служба во Авганистан, кои ги опиша како „шаховски фигури отстранети од таблата“. – Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа додека окупаторските сили убиваат невини …

Continue Reading

Бугарското Министерство за здравство размислува да забрани извоз на лекови

– Во Министерството за здравство се разговараше за воведување целосна забрана за извоз на лекови од Бугарија, но тоа не е законски, бидејќи според европските конвенции забрана може да се воведе само во вонредна епидемиолошка состојба, изјави денеска технички министер за здравство на Бугарија Асен Меџидиев. – Доколку некоја земја воведе таква забрана, ќе има уште поголем недостиг, затоа апелираме …

Continue Reading

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Божиќ

– Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. …

Continue Reading

„Госпоѓата со шешир“ на Маша Оргизек сега и на македонски јазик

– Младинската книга „Госпоѓата со шешир“ на словенечката авторката Маша Оргизек излезе од печат и на македонски јазик, соопшти Македонскиот центар ИТИ продукција. Од издавачката куќа информираат дека нивната прва младинска книга е преведена на македонски јазик од страна на Иванка Апостолова Баскар.

Continue Reading

Роналдо сака да го донесе Пепе во Ал Наср

– Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо сака во својот нов клуб Ал Наср да го донесе сонародникот и поранешен соиграч од Реал Мадрид, Пепе. Како што објави шпанскиот весник „Марка“, намерата на Роналдо е саудискиот клуб да биде опкружен со некои од своите пријатели, меѓу кои е и Пепе. Шпанскиот весник додава дека Роналдо за овој трансфер веќе разговарал со раководството на Ал Наср. Пепе идниот месец ќе …

Continue Reading