Ковачевски: Најважно беше финансиски да ги заштитиме најзагрозените граѓани од кризата
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Власт, Политика
-
0 Comments
За мене беше најважно да ги заштитиме финансиски најзагрозените граѓани, пензионерите со мали пензии, самохраните родители, социјалните случаи, другите ранливи категории граѓани, а од друга страна да се заштити и достоинството на работниците. Тоа е основата на социјалдемократијата која Куманово многу добро ја познава, порача вечерва претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се …
Continue Reading
Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, па ЕК ја повлече нејзината изјава
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Вести, Свет
-
0 Comments
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во денешниот говор рече дека се проценува дека загинале околу 100.000 припадници на украинската армија и 20.000 цивили. Украинците досега избегнуваа да даваат прецизни бројки за сопствените загуби, тврдејќи дека тие бројки ќе и дадат предност на Русија. Европската Комисија подоцна се извини и додаде дека презентираните податоци се неточни бидејќи проценката …
Continue Reading
Поранешен српски фудбалер уапсен во Холандија поради шверц на кокаин
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Свет
-
0 Comments
Душан Петковиќ, поранешен фудбалер и син на некогашниот селектор на Србија и Црна Гора, Илија Петковиќ, е лишен од слобода во Холандија во рамки на голема меѓународна операција во која се уапсени припадници на криминална група поради шверц на 115 килограми кокаин. Како што јавија српските медиуми, Петковиќ бил уапсен задно со член на криминалниот клан „Америка“. Во акцијата се …
Continue Reading
Промовирана книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Култура
-
0 Comments
Книгоиздателството „Ми-Ан“ вечерва во Културно-информативниот центар во Скопје ја промовираше книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски. Изданието е по повод 85 години живот и 65 години творечка дејност на Павловски – писател, енциклопедист и публицист. Освен романот „Сок од простата“, во изданието се поместени и критички осврти за творештвото на Павловски од акад. Катица Ќулафкова, проф. д-р …
Continue Reading
Со посета на седиштето на НАСА, почна посетата на макрон на САД
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Свет
-
0 Comments
– Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во САД, каде домаќин ќе му биде неговиот американски колега Џо Бајден. Се очекува на врвот на агендата на разговорите да биде поддршката за Украина. Макрон денеска имаше средба со потпретседателката Камала Харис, со која го посети седиштето на НАСА. Целта на заедничката посета на НАСА е потенцирање на меѓусебната соработка за вселенската технологија. За …
Continue Reading
Намаленото домашно производство на струја, заради криминогеноста на власта резултира со скап увоз и испумпување на пари од ЕЛЕМ
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Опозиција, Политика
-
0 Comments
Деновиве сите фирми на регулираниот пазар кои се префрлиле со цел да ги намалат трошоците од енормното зголемување на електричната енергија добиваат писма дека на сред грејна сезона во најголемата енергетска криза ќе бидат исклучено од регулираниот пазар само за тоа што така одлучила владата. Несериозно е да преземете работење со фирма како ЕЛЕМ со милионски добивка и да ја …
Continue Reading
Во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ, средба на ОБСЕ тројката Османи – Рау – Билстром
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Власт, Политика
-
0 Comments
Во пресрет на 29. Министерски совет на ОБСЕ, што ќе се одржи утре и задутре во Лоѓ, Полска, денеска министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Полска и Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Тобиас Билстром одржаа состанок како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит. Како што се посочува во …
Continue Reading
Радев до Руте: Оставањето на Бугарија надвор од Шенген зоната не е во интерес на Европската унија
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Балкан
-
0 Comments
Оставањето на Бугарија надвор од Шенген не е во интерес на Европската унија и не придонесува за заедничките напори за справување со безбедносните предизвици и тешката економска криза во Европа, изјави денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, во телефонски разговор со холандскиот премиер, Марк Руте, соопштија од прес-службата на претседателската администрација. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во текот …
Continue Reading
Иранските безбедносни сили убија демонстрант кој го прославувал испаѓањето на репрезентацијата од Мундијалот во Катар
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Свет
-
0 Comments
Иранските безбедносни сили застрелаа демонстрант кој ја прославуваше елиминација на иранската репрезентација од Светското првенство во Катар, јави Би-би-си. Иран синоќа загуби од САД со 0-1 во последниот натпревар од групната фаза на турнирот. Реми беше доволно за тимот да оди во осминафиналето. Активисти изјавија дека Мехран Самак бил застрелан во главата додека свирел со својот автомобил вчеравечер во северниот …
Continue Reading
Бектеши: Од утре производителите на прехранбени производи треба да им понудат намалени цени на маркетите
-
новинар
-
November 30, 2022
-
Бизнис и економија
-
0 Comments
Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од утре да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија. Бектеши вечерва на гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 појасни дека од утре производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови …
Continue Reading